
Edward Elgar Publishing UN iLibrary HeinOnline Directory of Open Access Books SAGE Journals ASTM Compass
From this page you can:
Home |
Publisher details
Publisher
located at Тетово
Available items(s) from this publisher



Договор за лизинг, со посебно внимание на договорот за финансиски лизинг во периодот од 2008 до 2012 година / Јагода Милошевска
Title : Договор за лизинг, со посебно внимание на договорот за финансиски лизинг во периодот од 2008 до 2012 година : магистерски труд - втор циклус Material Type: printed text Authors: Јагода Милошевска, Dissertant ; Данче Манолева Митровска, Thesis advisor Publisher: Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ Publication Date: 2013 Pagination: 87 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendixLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: ВОВЕД
Денес, за жал, живееме во свет исполнет со несигурност, како во однос на вложување на срества, развивање, така и во опстојување. Во услови на економска криза во која се наоѓа глобалната економија, се забележува недостигот на големи износи на финансиски средства. Сметам дека сите физички и правни лица, треба да бидат запознаени со фактот дека лизинг работите се едни од носечките елементи на секоја модерна пазарна економија. Поради тоа, целта на овој научно - истражувачки труд е да му се овозможи на читателот подобро и подетално да се запознае со договорот за лизинг ( финансиски) како активност која се однесува на подвижен и недвижен предмет, при која корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или произведен од страна на давателот на лизинг, и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз основа на договорот за лизинг кој е склучен помеѓу давателот и корисникот на лизинг, со можност на корисникот на лизинг да стекне правна сопственост на предметот по истекот на времетраењето на договорот и со плаќање на последната месечева рата. Понатаму, целта на ова истражување е да ги истакне предностите на договорот за финансиски лизинг во однос на оперативниот лизинг, како и во однос на договорите за заем, кредит, закуп, и продажба, но истовремено и ризиците кои постојат при користење на лизингот. Една од целите, исто така претставува и можноста преку овој труд да се покаже состојбата на договорот за финансиски лизинг во светов и земјава, т.е неговата тенденција на пораст, како и неговото меѓународно регулирање, но и мерките коишто треба да се превземат за да се развие лизинг дејноста во Р. Македонија, како и да се подобри законската регулатива во насока на зголемување на правната сигурност при вршење на лизинг дејноста. Предмет на ова истражување ќе биде правната и социјалната анализа на договорот за лизинг, со посебен осврт на договорот за финансиски лизинг, како еден од начините на засновање на граѓанско-правните односи.Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19851 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status M8702-000205 M8702-000205 Miloshevska, J. 2013 General Collection Thesis Repository Master Not for loan Правна одговорност на лекарите во период од 2005-2012 година / Кристина Тимовска
Title : Правна одговорност на лекарите во период од 2005-2012 година : магистерски труд - втор циклус Material Type: printed text Authors: Кристина Тимовска, Dissertant ; Ismail Zejneli, Thesis advisor Publisher: Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ Publication Date: 2014 Pagination: 59 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendixLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: ВОВЕД
Медицинската практика подлежи на нормативно уредување во сите правни системи особено во доменот на обуката, приемот, образовната подготвеност и организациската поставеност на самата професија. Аналогно на истото, и во Република Македонија постои потреба од детална анализа на таа проблематика, бидејќи со утврдувањето на правилата со кои би се уредувала истата, истовремено значи општестевна одбрана на одредени вредности и добра, како здравјето и животот на определена општествена единка, која би била постигната со правно уредување на односот доктор-пациент преку утврдување на тоа кој е квалификуван да ја извршува праксата, изрично определување на услугите кои определен доктор може да ги понуди, како и обезбедување на механизми за решавање на определни спорни околности меѓу страните во тој однос и секако адекватна санкција во случај да настапат поведенија кои се квалификуваат како кривични дела. Релацијата доктор-пациент означува дека докторите во тој однос најчесто нудат една богата палета на услуги кои се расчленети на категории односно на дијагноза, совет и третман и повеќе подкатегории во рамките на секој од нив. Некои законодавни системи тука го инволвираат и застапувањето, како на пример ангажирање на услуги на специјалисти или инволвирање на аранжмани за хоспитализација, но истото има посредна а не непосредна улога. Односот доктор - пациент е доста компатибилен со односот адвокат — клиент бидејќи упатува на однос на меѓусебна доверба, со слични должности од професионален аспект - доверливост, должност да се даваат совети и информации, лојалност и.т.н. Сепак, независната приватна паркса не познава договор со кој би се регулирал односот доктор - пациент но сепак практиката и самите нормативни услови алудираат на можност за негово формално уредување. Имајќи го во предвид истото, без оглед дали постои формален аспект во тој однос, постојат обврски кои по секако паѓаат на товар на одредена договорна страна односно на пример, постои обрвска докторот да го прими пациентот кој бара медицинска помош, наспроти обврската на пациентот да побара медицински совет. Иако, гледано од меѓународен аспект поголемиот број на законодавства не предвидуваат ваква обврска, генерално тие се прифатени во пракса.
Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19961 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status M8702-000223 M8702-000223 Timovska, K. 2014 General Collection Thesis Repository Master Not for loan Перење пари како начин на финансирање на меѓународниот тероризам / Мила Сарач
Title : Перење пари како начин на финансирање на меѓународниот тероризам : магистерски труд - втор циклус Material Type: printed text Authors: Мила Сарач, Dissertant ; Владо Камбовски, Thesis advisor Publisher: Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ Publication Date: 2013 Pagination: 91 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendixLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: Вовед
Магистерскиот труд како главен објект на истражување ги третира перењето пари и финансирањето тероризам како се поприсутни крајно деструктивни криминогени појави на релативно нов суптилен вид на криминал што доживува експанзија помеѓу другото и како резултат на глобализацијата на пазарот и меѓународните текови на парите, и достапноста на модерната технологија која се користи при софистицираните системи на плаќања во домашниот и меѓународниот паричен промет. Брзото модифицирање на класичните методи на перење пари и интернационализацијата на организираниот криминал воопшто допринесуваат и до енормен развој на најголемото зло на 20-от и 21-от век, тероризмот и неговото финансирање. Целта на истражувањето во магистерскиот труд е насочена кон детално анализирање на развојот на појавите како од историски така и од аспект на нивно дефинирање, развој на маѓународната и националните правни теории и регулативи, инкриминирање на делата, превенцијата и сузбивањето на перење пари и финансирање тероризам, откривање, привремено одземање и конфискација на приноси стекнати со казниво дело. Посебен осврт и коментари во трудот се дадени на бројните конвенции и директиви на Обединетите Нации и Советот на Европа како главни светски носители на иницијативите за создавање на меѓународна правна рамка за борба против перењето пари и финансирањето тероризам, препораките на Групата за финансиска акција (ФАТФ), а преку методолошки пристап на компаративна анализа е третирана динамиката, степенот на вградување и примена на меѓународните стандарди во одредени националните законодавства. Секако дека целта на трудот е и да се идентификуваат можните причините кои и покрај сериозните чекори превземани од националните законодавства потпомогнати од меѓународната заедница, доведуваат до неконтролиран развој на овие криминогени појави. И покрај засилените мерки на превенција и репресија, насекаде низ светот, износот на незаконски стекнатите средства од година во година расте, и преку разни форми, се реинвестира во легални дејности при што огромен дел на овие средства се насочуваат и во финансирање на насилните процеси на менување на општествено-политички системи преку екстремно сурови и непредвидливи терористички акции. Преку компаративна анализа на кривичното законодавство на неколку земји од регионот и од Европската унија, во магистерскиот труд се анализирани разноврсните методи и техники на криминално дејствување кои секојдневно се интензивираат и усовршуваат со приказ на еволуирањето на законодавството, надлежните институции за идентификување на криминалните појави, како и степенот на усогласеноста на нивните законодавства со меѓународните конвенции и директиви. Воедно, анализирани се резултатите кои се постигнати во превенцијата, судското процесуирање и репресијата на делата перење пари и финансирање тероризам, како неприкосновени приоритети на меѓународната заедница.Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19962 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status M8702-000224 M8702-000224 Sarac, M. 2013 General Collection Thesis Repository Master Not for loan Меѓународно правна заштита на правата на жените / Петра Кабранова
Title : Меѓународно правна заштита на правата на жените : магистерски труд - втор циклус Material Type: printed text Authors: Петра Кабранова, Dissertant ; Бистра Неткова, Thesis advisor Publisher: Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ Publication Date: 2013 Pagination: 125 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendixLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: Апстракт
Признавањето на женски права како различен концепт во меѓународното право бил целосно прифатен во модерните држави. Борбата за заштита и унапредување жените и нивните права како меѓународни човекови права е работа која постојано се надградува. Жените секаде во светот отсекогаш уживале помалку права, во споредба со мажите, во сите општества, без разлика дали се тоа примитивни, општества во развој или развиени општества. Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации од 1948 година која ја афирмирала еднаквоста на жените и мажите се смета за пресвртница во потрагата по универзална еднаквост на сите човечки суштества. И покрај ова афирмирање во Декларацијата, жените продолжија да се соочуваат со дискриминација и нееднаквост во повеќето општества. Усвојувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените во 1979 претставува еден од првите универзални одговори на овој проблем. Во 1979 година, Генералното Собрание на ОН ја усвоило Конвенција, со што се признаваат посебни права за жени. Истата стапила на сила на 3 септември 1981. Оваа Конвенција инаку позната како "закон за правата на жените" претставува основа за заштита на правата на жените во целиот свет. Многу влади во светот имаат донесено закони и прописи во насока на промовирање и заштита на правата на жените. Голем број од законските регулативи се донесени со цел на жените да им се овозможи еднаквост со мажите. Сепак, во реалноста или практиката, многу жени низ целиот свет се соочуваат со бариери и потешкотии во остварување на своите права. Република Македонија го „следеше возот" на промовирање и унапредување на правата на жените со пристапување кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените во 1991 и ратификување на Факултативниот Протокол кон Конвенцијата. кој стапи на сила во 2003 година. Со ова е создадена правна можност и обврска за државата за транспонирање на одредбите од Конвенцијата за правата на жената и родовата еднаквост во националното законодавство. Оваа студија се обидува да ја разработи меѓународната правна рамка за заштита на правата на жените, особено правните документи и механизмите за заштита кои произлегуваат од нив во системот на Обединетите Нации, нивната ефикасност и ефективност во пракса. Притоа, се обидува да даде осврт на тоа кожу „de jure" заштитата на правата на жените се разликува од „de facto" состојбите.Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19964 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status M8702-000225 M8702-000225 kabranova, P. 2013 General Collection Thesis Repository Master Not for loan Правна и политичка анализа на миграционата политика во Република Македонија и на Европската унија / Славица Пауновска
Title : Правна и политичка анализа на миграционата политика во Република Македонија и на Европската унија : магистерски труд - втор циклус Material Type: printed text Authors: Славица Пауновска, Dissertant ; Татјана Петрушевска, Thesis advisor Publisher: Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ Publication Date: 2013 Pagination: 194 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes indexLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: ВОВЕД
Движењето на луѓето од едно на друго место егзистира уште многу одамна. Ваквото движење е забележано со самото формирање на првите населби во кои живееле луѓето. Отпочнува населувањето на одредена територија, односно природен простор со што се јавува желба за патување, освојување, населување на нови територии. Емиграционите движења кај луѓето низ историјата се забележани во сите држави и континенти. Обемот на движење зависи од општествено-економскиот развој на општеството, природните услови, војните и сл. Емиграцијата на населението практично претставува постојана појава, процес кој се движи со различни димензии во одделни периоди и во различни правци на движење. Во изминатиов век од особена важност и значење е миграцијата на т.н. работна сила која е присутна скоро во сите земји во светот, без разлика на нивната економска развиеност. Брзиот техничко-технолошки развој во светот овозможува побрзо и поудобно движење на мигрантите и можност за населување на било кој дел од земјата и задоволување на своите желби, намери и цели, за населување во некоја блиска или далечна економски поразвиена земја. Се поголемиот процент на емиграција на населението во светот го поттикнува и зголемува интересот на науката за истражување и изучување на овој феномен. Од големо значење за оваа проблематика е статистиката на населението како колевка на демографијата, но исто така од големо значење покрај пописната е и миграционата статистика која ја водат агенциите за миграции во земјите. Се поголемата раздвиженост на луѓето во светот кои бараат подобро платена работа и овозможување за нив и нивните семејства подобри услови за живот.укажува дека економската емиграцнја на населението во светот во последниов век зема широки размери. Бројките кои говорат за миграцијата во светот укажуваат на висок процент на емиграција на работната сила. Ако ги земеме во предвид членовите на нивните семејства илегалната емиграција, избеглиците од војни-те и сл., бројот на светската емиграција изнесува над 100 милионн жца.Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19988 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status M8702-000248 M8702-000248 Paunovska, S. 2013 General Collection Thesis Repository Master Not for loan Трговијата со жени гледана низ призмата на Европската конвенција за човекови права со акцент на правото на забрана на ропство и правото на забрана на тортура / Тања Видеска
PermalinkПравно дејство на договорот за доживотна издршка и последиците од неговото склучување / Симона Димитријеска
PermalinkДруштво со ограничена одговорност како организиран облик на трговско друштво, предно недостатоци во правото на Република Македонија и споредбеното право / Александар Велјановски
PermalinkМодификациите воведени во заедничката надворешна и безбедносна политика со Лисабонскиот договор / Невенка Радоњиќ Аврамоска
PermalinkОрганизадија на акционерските друштва според Едностепениот и двостепениот систем на управување во правото на Република Македонија и во компаративното право / Игор Кодевски
PermalinkМеѓународна полициска соработка во спречувањето и откривањето на криминалот / Марија Илиевска
PermalinkПричини за жалба против пресуда и одлуки по жалба во парнична постапка / Селда Умери
PermalinkКазненото дело силување во законодавството на Република Македонија и судската практика на подрачје на Основен суд Тетово во периодот од 2005-2011 год. / Христина Василевска
PermalinkPermalinkФеноменологијата на кривичните дела засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос во Република Северна Македонија за периодот 2014 – 2020 година / Ана Дамјановска
![]()
Permalink