Title : | Нов јавен менаџмент | Material Type: | printed text | Authors: | Сотир Костов, Author | Publisher: | Скопје : Македонски Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) | Publication Date: | 2006 | Pagination: | 280 p. | Layout: | ill. | Size: | 23 cm | ISBN (or other code): | 978-9989-10-221-9 | General note: | Includes bibliographical references (p. 278) | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Descriptors: | Management
| Class number: | 658 | Abstract: | Пред вас е една од серијата публикации што ги опфаќаат: книгата "Нов јавен менаџмент" и петте прирачници "Како до ефективна локална самоуправа (КЛС)": Децентрализацијата наша цел; Како да комуницираш, преговараш и одлучуваш за да бидеш лидер; Граѓанска партиципација, Комуникација помеѓу локалната самоуправа и граѓаните, Како до добра управа и Менаџмент на проекти. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го поддржа публикувањето на оваа серија со цел да придонесе кон развојот и надградувањето на капацитетите на Локалната самоуправа и мес ните урбаните заедници (заедниците) во Македонија, а имајќи го предвид значењето на целиот процес на децентрализација што во моментов се одвива. МЦМС и самиот активно работи на поттикнување на локалниот развој на заедниците преку зголемена партиципација и организациско јакнење во насока на унапредување на одржливиот развој во заедниците. Овие публикации се наменети за локалните функционери и службеници, институции и организации кои работат на полето на успешната реорганизација на локалната самоуправа, како и за обичните граѓаните кои се активни чинители во своите заедници. Публикациите треба да ја подобрат информираноста на општините и заедниците за начините како успешно да се спроведе процесот на децентрализација и изгради ефективна локална самоуправа во Република Македонија Република Македонија ги прифати начелата на Европската повелба за локална самоуправа (донесена од Советот на Европа во 1985 година) кои ја даваат рамката за модерна децентрализирана Европа. Оваа Повелба е правен и политички патоказ за разбивање на бирократските системи. Успешното спроведување на принципите од Повелбата доведува до зголемување на функционалната улога на општината, а намалување на регулаторната надлежност на државата на локално ниво. На овој начин успешно се надминува јазот помеѓу централната и локалната власт. Истовремено се намалува вакумот помеѓу граѓанинот и државата, а секако се надминува и загрозеноста на локалната средина, неефикасното и несоодветното задоволување на потребите и интереси на граѓаните. | Contents note: | Управни реформи; Македонија - држава заглавена во реформи; Нов јавен менаџмент; Етика и одговорност во менаџментот; Организациски промени за добро управување; Менаџмент на промени според Исак Адизес; Предизвикот на организациските промени; Контекст на организација, култура и промени; Учиме да учиме; Управување со вашите лични ресурси; Управување со промени; Управување со луѓе; Мајсторство на управување со општините; Сегашна состојба во општинит; Потреба од ефикасен менаџмент; Посакувана состојба во организација на општината; Организациска шема (органограм) на управата; Развивање на општинскта организациона структура; Обезбедување услуги на ефективен и транспарентен начин; Очекувани ефекти и перформанси; Историски и современи перспективи на менаџментот; Изреки во врска со менаџментот; | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=22412 |
|  |