Abstract: | Успешното лекување на пациент со бубрежна болест зависи од утврдувањето на точната дијагноза. Клиничарот за да го постигне тоа, мора да биде свесен за можните прикажувања на бубрежните болести и за групирањето на симптомите и знаците од кои може да ги препознае болестите и синдромите. Битно е да се добие комплетна историја со сите податоци во однос на презентираните симптоми, мотивот за консултација, односно главните тегоби, но исто така е значајно да се земат точни податоци за минатите заболувања, фамилијарните заболувања, податоци за професијата и за социјалниот статус (социјалната состојба). Внимателно треба да се иследи изложеноста на факторите на околината, како и на хемикалиите со кои може пациентот да дојде во контакт во текот на работата, на работното место, или при рекре ацијата. Треба да се испраша болниот за лековите кои ги земал во минатото, а и во моментот на јавувањето на лекар (медикаментозна анамнеза). Добро земената анамнеза е прв и многу важен чекор во поставувањето на дијагнозата на бубрежната болест. Потоа, следува внимателно и комплетно иследување, при што треба да се посвети особено внимание на тие клинички знаци кои ја рефлектираат, односно ја одразуваат основната бубрежна болест. Конечно, соодветно организираното иследување треба да даде максимум информации со минимални опшоварувања и непријашности за пациентот. Во таа насока треба да се избегнат непотребните иследу- вања, да се користат најефикасните но и најмалку скапите иследу вања, имајќи ги на ум расположливите средства, во поставувањето на соодветната дијагноза. Потоа треба да се изработи ефективен план за третман и за следење на болниот. |