Title : | Криминалот на "белите јаки" - Студија на случај : Подрачјето на Апелациониот суд во Гостивар : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Александра Илијеска, Dissertant ; Владо Камбовски, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2015 | Pagination: | 64 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | Абстракт
Предметот на моето истражување е проблематиката на Криминалот на "белите јаки" со осврт на подрачјето на Апелациониот Суд - Гостивар. Како главен услов за расцутот на овој вид на криминал ја истражувам состојбата на транзиција од која нашето општетсво е зафатено и позицијата на поединците што ја претставуваат високата власт токму во ова транзиционо општетсво. Се водам по дефиницијата на криминалот на "белите јаки" според која овој вид на криминал нема насилен карактер, но е специфичен токму по својствата на сторителите кои имаат легитимитет кој произлегува од вршење на функцијата, работното место и својството стекнато врз основа на некој закон. Во контекст на ова, ја истражувам етиологијата, односно криминолошките карактеристики на проблематиката. Главниот мотив на сторителите е финансиската добивка која е одлично заштитена од дофатот на силите на прогон во национални рамки. Во самата заштита јасно се отсликува корелацијата меѓу криминалот на "белите јаки" и политичкиот систем. Токму поради тоа, реформата на политичкиот систем ја наведувам и истражувам како водечка солуција за сузбивање на овој опасен вид на криминал. Покрај тоа, се залагам за воведување на строг режим во судството и екстремни интервенции на МВР во ова поле на криминал. Во контекст на ова, истражувам како се справува судот со случаите од вој тип на криминал, при тоа проучувајќи случаи од подрачјето на Апелациониот Суд во Гостивар. Како би направила споредба на состојбата на криминалот на "белите јаки" во Македонија со проблематиката на овој криминал во други земји, истражував за состојбата на проблематиката во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Моето истражување во основа се сведува на потврдување на мојата теза дека криминалот на "белите јаки" во нашето транзиционо општетсво е насекаде околу нас, и ние меѓу него! Вешто се сокрива зад успешни институции, фирми и авторитети, поради што останува апсолутно или релативно недопирлива проблематика. Клучни зборови: криминал, "бели јаки", транзиција, политички систем, сузбивање | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=21729 |
|