Title : | Компјутерски криминал во подрајчето на апелациониот суд Гостивар за временски приод од 2007-2012 година : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Диана Ефремоска, Dissertant ; Владо Камбовски, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2015 | Pagination: | 85 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | ВОВЕД
Компјутерскиот криминал, во последните неколку години се сретнува во се поголеми размери, иако јавноста не е доволно запознаена со тоа. Во последната деценија на дваесеттиот век, дојде до вистински информатички бум. Информациите стануваат еден од најважните стратешки ресурсии, а бројни научни, лични , безбедносни, економски, и други податоци зачувани во компјутерите можат да имаат многу висока цена, особено доколку истите се користат за недозволени цели. Квантитетот и вредноста на информациите во електронските бази на податоци, преставуваат вистинска мета за сите оние кои се занимаваат со криминални активности. Ова од таму што, криминалците го сочинуваат оној општествен слој кој најдоследно го следи развојот на современите технилогии, приспособувајќи го сопственото дејствување со новите технолошки достигнувања. Еволуцијата на интернетот доведува и до појава на нови видови казнени дела, со висок степен на диверзификација. Како дел од така наречениот Сајбер криминалитет како поширок поим, криминалитетот на интернет ги опфаќа сите противправни дејствија направени во мрежата на интернет или со помош на истиот. Развојот на глобалната комуникациска мрежа- Интернет и неговата "транснационална" природа, ризиците и заканата се зголемуваат не само со постојаниот пораст на Интернет корисниците во нашата држава (кој е околу 51,5% од вкупната попоулација ) туку и со зголемување на вкупниот бројот на Интернет корисници во светот.1 Сајбер криминалитетот претставува предизвик за современото казнено право и криминолошките науки. Неговата актуелност предизвика широка законодавна дејност на меѓународен и на национален план но и лавина од истражувања. Од последната декада на минатиот век па се до денес сведоци сме на интеграција иекспанзивен развој на компјутерските и комуникациските технологии и нивната масовна примена во сите процеси и текови на современите општества. Компјутерските технологии иако беа создадени како алатка за олеснување на функционирањето и работата на луѓето, тие набргу почнаа да се користат за најразновидни злонамерни активности нарушувајќи го достапноста, доверливоста и интегритетот на компјутерските и комуникациските системи како и податоците поврзани со таквите системи. Сите овие облици на злоупотреба на компјутерските технологии како и примена на овие технологии за вршење на разни облици "традиционални" кривични дела заеднички можат да се означат како компјутерски криминалитет. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=21721 |
|