Abstract: | Современиов економскилексикон"еуниверзален. По азбученред во него се опфатени, дефинирани и објаснети економските термини од економските и придружните дисциплини со прикажување на разликите во сваќањата помеѓу одделните теоретски доктрини, развојот на економската мисла и економските школи, а освен тоа имиња и информации на важни општествено-економски институции (меѓународни, странски и домашни). Наведено е етимолошкото потекло на термините, изворниот назив и значење. На многу тер-мини е даден соодветен превод на српскохрватски (на некои места и на словенечки) и на светските јазици: англиски, француски, германски и руски, во определени случаи на италијански и шпански, а таму каде што беше потребно на латински и грчки. Во последно време, во економската литература, публицистика и практика, место наши, се повеќе се употребуваат странски зборови. Со оглед на актуелноста, нив ги воведов во Лексиконов, наведувајќи го оригиналното потекло и објаснувајќи го нивното значење. Применет е лексографско-енциклопедиски начин на излагање, така што содржината на некои поими е објаснета со концизни и јасни формулации, а други со долг текст, во зависност од одделниот случај и потреба за поопстојно запознавање на читателот со проблемот. Изведените термини од насловните се изложени и објаснетиворамките на текстот од насловот. Сознакот "в"(види) се упатува читателот наведениот израз да го бара на друго место, според азбучниот ред. На тој начин се врши поврзување на насловните термини со сличните, блиските или спротивните по значење. На крајот е приложен регистар. |