Title : | Квалитетот и цената на производите како фактори за конкурентска предност на компаниите во Република Македонија : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Панче Манојловски, Dissertant ; Jusuf Zeqiri, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Факултет за бизнис и економија - ЈИЕУ | Publication Date: | 2015 | Pagination: | 99 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | Во современото општество немаат повеќе време компаниите за одреден потфат или промена да размислуваат подолг временски период туку мораат да делуваат веднаш. Постојат голем број на компании од исти дејности и конкуренцијата е преголема. Доколку одредена компанија сака да се пробие на пазарот и да ја победи конкуренцијата потребно е многу да се потруди. Патот до врвот е тежок, но секако дека се исплати доколку во него се успее. Конкуренцијата претставува процес на натпреварување помеѓу компаниите, процес кој ги мотивира конкурентите и со неа се постигнува: Поголема економичност во работењето, односно намалување на трошоците за работење Подобрување на квалитетот на производите Формирање на ниски цени Поволни услови за набавка, односно продажба и сл. Конкурентноста помеѓу компаниите се јавува како одреден облик на односот помеѓу понудата и побарувачката, а на пазарот се појавува во различни комбинации во поглед на бројот на учесници, нивната економска сила, различните можности од самиот влез и излез на пазарот, различните стратегии и сл. Целиот тој меѓусебен однос и положба се детерминирани од следните критериуми: бројот на самите учесници како на страна на понудата, така и на страна на побарувачката, релативната сила, можностите за влез и излез од пазарот, можности за усвојување на меѓусебни односи и еластичност на понудата и побарувачката, односно цената. Она што е битно во овој магистерски труд е да се детерминираат цената и квалитетот на производите/услугите како фактори за конкурентска предност на пазарот. Конкурентска предност претставува кога компанијата остварува профит кој го надминува просекот во својата дејност, односно компанијата поседува конкурентска предност во однос на своите конкуренти. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=20071 |
|