Title : | Правно дејство на договорот за доживотна издршка и последиците од неговото склучување : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Симона Димитријеска, Dissertant ; Данче Манолева Митровска, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2013 | Pagination: | 113 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes index | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | АПСТРАКТ
Размислувајќи околу темата на која ќе го изработам мојот магистерски труд, а согласно моето досегашно теоретско и практично знааење и умеење одлучив мојата магистерска теза да ја пишувам на тема 'договор за доживотна издршка'. Договор кој штопомеѓу бројните договори кои секојдневно се склучуваат меѓу физички и правни лица вограѓанско правната практика ми задржа особено внимание и интерес поради неговите специфики и карактеристики кои го издвојуваат од сите останати правни дела кои егзишраатво секојдневниот правен промет. Спецификите односно карактеристиките кои зборуваат во прилог на аргументирање на овој договор првенствено меѓу останатото се изразуваат од неговиот наследно правен аспект пред сите негови облигациони дејствија. Кој е тој наследно правен аспект? Бидејќи Уставот гарантира права и должности на меѓусебна издршка помеѓу родителите и децата, а Законот за наследување право на нужен дел на наследниците од прв наследен ред односно брачниот другар и потомците на оставителот, она што го поврзува договорот за доживотна издршка со овие одредби преставува можноста со овој договор едната договорна страна во овој случај примателот на издршката да го оствари за себе правото на нужна издршка, и во таа насока како надомест на таа издршка да располага со право дел или целиот свој имот да го пренесе во сопственост на другата договорна страна односно давателот на издршката, кои располагања според буквата на законотизвршени на име надомест за дадената издршка а кои се одложени до смртта на примателотна издршката не се засметуваат при утврдување на вредноста на оставината. Врз основа на ваквите законски одредби и нивната поврзаност со договорот за доживотна издршка се доаѓа до заклучокот кој ја истакнува главната суштина на овој договор и примарниот аргумент во прилог на неговата обработка и анализа, а тоа е можноста единство со склучување на ваков вид на договор да се оствари правото на нужна издршка како неопходно егзистенцијално право од една страна, додека од друга страна пак можноста со истиот договор да се оневозлложи реализацијата на правото ѓ нужен дел односно да се загрози неговото остварување. Во процесот на изготвување на мојот магистерски труд зборувајќи за овој договс односно анализирајќи ја неговата содржина, покрај за неговото наследно правн дејствије ќе се задржам на повеќе аспекти при неговата разработка. Истакнување на неговата законска дефинираност, историски прегле,/ карактеристиките, правата и обврските кои потекнуваат при неговото склучувањ* неговиот предмет, цели, последиците, правното дејство, неговата суштината, содржинск обработка, страни кои можат да го склучат, негова компративна анализа, практичн елаборација, причините за негов престанок односно неговото раскинување поништување, и други проблеми и прашања кои егзистираат во процесот на неговот постоење. Она што пред се сакам да го утврдам и истакнам при истражувањето на мојат, тема анализирајќи го законски, споредбено и практично овој договор е неговата важнос во секојдневието на човечкиот живот, предностите кои ги нуди неговото склучување суштината, правата и обврските кои што потекнуваат од неговата содржина и пред с< укажување на фактот колку ваквиот вид на договор е решението за многу битни ЖИВОТНР проблеми на човекот од една страна страна, додека од друга страна пак какви последиц^ и идни правни проблеми и прашања може да се отворат како резултат од неговотс постоење односно од неговото склучување. КЛУЧНИ350РОЅИ:,договор за доживотна издршка, наследно и облигационо дејство на договорот за доживотна издршка, право на нужен дел, право на нужна издршка, компарација на договорот за доживотна издршка, примена на договорот за доживотна издршка во правната практика | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19990 |
|