Title : | Трговијата со жени гледана низ призмата на Европската конвенција за човекови права со акцент на правото на забрана на ропство и правото на забрана на тортура : магистерски труд - втор циклус |
Material Type: | printed text |
Authors: | Тања Видеска, Dissertant ; Бистра Неткова, Thesis advisor |
Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ |
Publication Date: | 2013 |
Pagination: | 111 p. |
Layout: | ill. |
Size: | 30 cm |
General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes index |
Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) |
Abstract: | АПСТРАКТ
Дефинирањето на поимот трговија со жени е проследен со контрадикции во однос на тоа што точно претставува овој поим. Во време кога човековите права се издигнати на највисок стадиум, неминовно е трговијата со жени да не претставува кршење на истите. Поради тоа се донесени многу меѓународни правни инструменти кои се однесуваат на сите форми на трговијата со жени, а како посебен се истакнува ЕКЧП која што можеби е најважниот документ од областа на човековите права и слободи. Трговијата со жени иако не е нагласена во ЕКЧП, сепак претставува прекршување на правото на забрана на тортура и правото на забрана на ропство и поради тоа во одреден дел од содржината овој труд е фокусиран на тие члена, затоа што трговијата со жени по сите свои форми претставува еден вид модерно ропство. Во корелацијата меѓу трговијата со жени и човековите права содржани во ЕКЧП најважна улога играат државите. Оттука произлегуваат обврските на државите да обезбедат почитување на истите преку законите во домашната легислатива како и превземање мерки доколку дојде до нивно прекршување т.е станува збор за хоризонталниот ефект на ЕКЧП. Примарната цел на тезата е да даде увид во многуте дефиниции содржани во меѓународните документи кои се однесуваат на трговијата со жени, при што вниманието теоретски и практично да го насочи кон крајната цел т.е. дефинирање на трговијата со жени како кршење на човековите права и слободи. Трговијата со жени гледана низ призмата на правото на забрана на ропство и правато на забрана на тортура од ЕКЧП треба да биде појдовна точка за државите и нивните обврски чиј што краен ефект треба да резултира со донесување на посебни закони во домашната легислатива кои ќе се однесуваат исклучително на трговијата со жени. |
Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19989 |