Title : | Правна и политичка анализа на миграционата политика во Република Македонија и на Европската унија : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Славица Пауновска, Dissertant ; Татјана Петрушевска, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2013 | Pagination: | 194 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes index | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | ВОВЕД
Движењето на луѓето од едно на друго место егзистира уште многу одамна. Ваквото движење е забележано со самото формирање на првите населби во кои живееле луѓето. Отпочнува населувањето на одредена територија, односно природен простор со што се јавува желба за патување, освојување, населување на нови територии. Емиграционите движења кај луѓето низ историјата се забележани во сите држави и континенти. Обемот на движење зависи од општествено-економскиот развој на општеството, природните услови, војните и сл. Емиграцијата на населението практично претставува постојана појава, процес кој се движи со различни димензии во одделни периоди и во различни правци на движење. Во изминатиов век од особена важност и значење е миграцијата на т.н. работна сила која е присутна скоро во сите земји во светот, без разлика на нивната економска развиеност. Брзиот техничко-технолошки развој во светот овозможува побрзо и поудобно движење на мигрантите и можност за населување на било кој дел од земјата и задоволување на своите желби, намери и цели, за населување во некоја блиска или далечна економски поразвиена земја. Се поголемиот процент на емиграција на населението во светот го поттикнува и зголемува интересот на науката за истражување и изучување на овој феномен. Од големо значење за оваа проблематика е статистиката на населението како колевка на демографијата, но исто така од големо значење покрај пописната е и миграционата статистика која ја водат агенциите за миграции во земјите. Се поголемата раздвиженост на луѓето во светот кои бараат подобро платена работа и овозможување за нив и нивните семејства подобри услови за живот.укажува дека економската емиграцнја на населението во светот во последниов век зема широки размери. Бројките кои говорат за миграцијата во светот укажуваат на висок процент на емиграција на работната сила. Ако ги земеме во предвид членовите на нивните семејства илегалната емиграција, избеглиците од војни-те и сл., бројот на светската емиграција изнесува над 100 милионн жца. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19988 |
|