Title : | Меѓународно правна заштита на правата на жените : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Петра Кабранова, Dissertant ; Бистра Неткова, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2013 | Pagination: | 125 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | Апстракт
Признавањето на женски права како различен концепт во меѓународното право бил целосно прифатен во модерните држави. Борбата за заштита и унапредување жените и нивните права како меѓународни човекови права е работа која постојано се надградува. Жените секаде во светот отсекогаш уживале помалку права, во споредба со мажите, во сите општества, без разлика дали се тоа примитивни, општества во развој или развиени општества. Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации од 1948 година која ја афирмирала еднаквоста на жените и мажите се смета за пресвртница во потрагата по универзална еднаквост на сите човечки суштества. И покрај ова афирмирање во Декларацијата, жените продолжија да се соочуваат со дискриминација и нееднаквост во повеќето општества. Усвојувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените во 1979 претставува еден од првите универзални одговори на овој проблем. Во 1979 година, Генералното Собрание на ОН ја усвоило Конвенција, со што се признаваат посебни права за жени. Истата стапила на сила на 3 септември 1981. Оваа Конвенција инаку позната како "закон за правата на жените" претставува основа за заштита на правата на жените во целиот свет. Многу влади во светот имаат донесено закони и прописи во насока на промовирање и заштита на правата на жените. Голем број од законските регулативи се донесени со цел на жените да им се овозможи еднаквост со мажите. Сепак, во реалноста или практиката, многу жени низ целиот свет се соочуваат со бариери и потешкотии во остварување на своите права. Република Македонија го „следеше возот" на промовирање и унапредување на правата на жените со пристапување кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените во 1991 и ратификување на Факултативниот Протокол кон Конвенцијата. кој стапи на сила во 2003 година. Со ова е создадена правна можност и обврска за државата за транспонирање на одредбите од Конвенцијата за правата на жената и родовата еднаквост во националното законодавство. Оваа студија се обидува да ја разработи меѓународната правна рамка за заштита на правата на жените, особено правните документи и механизмите за заштита кои произлегуваат од нив во системот на Обединетите Нации, нивната ефикасност и ефективност во пракса. Притоа, се обидува да даде осврт на тоа кожу „de jure" заштитата на правата на жените се разликува од „de facto" состојбите. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19964 |
|