Title : | Анализа на финансиските извештаи како алатка за донесување на одлуки-Препораки за подобрување на финансискиот менаџментот на компанијата Вардар Доломит - Гостивар : магистерски труд - втор циклус |
Material Type: | printed text |
Authors: | Еркан Јусуфи, Dissertant ; Izet Zeqiri, Thesis advisor |
Publisher: | Тетово : Факултет за бизнис и економија - ЈИЕУ |
Publication Date: | 2012 |
Pagination: | 149 p. |
Layout: | ill. |
Size: | 30 cm |
General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix |
Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) |
Abstract: | ПРЕДГОВОР
Финансиските извештаи ги поврзуваат финансиските податоци на деловниот субјект низ времена рамка, со цел да создадат визија кај врвниот менаџмент за тоа која е позицијата на деловниот субјект. Токму преку ова се изразува и суштинската карактеристика која ја носи со себе оваа алатка, правејќи ја квалитетна подлога за прикажување на економската реалност за работењето на деловните субјекти до внатрешните и надворешните корисници. Правилното читање на финансиските извештаи ни овозможува да ја откриваме економската политика на една деловна организација. Тоа е слика на применетата политика за ликвидност, финансиската сила и начинот на финансирање на активностите на субјектот. Земајќи предвид дека светот се повеќе и повеќе станува глобален пазар, анализата на финансиските извештаи презема значајна улога во донесувањето на финансиските и стратегиските одлуки во една компанија. Исто така, анализата на финансиските извештаи е значајна во процесот на донесување на инвестициони одлуки, односно при купување на акции и обврзници од голем број на правни и на физички лица. Овој труд е наменет за правните лица како придонес во стручната литература кој може да служи како прирачник во процесот на ефикасна и ефективна анализа на бројките во финансиските извештаи. Трудот ќе биде корисен не само за правните лица, туку и за студентите, научните работници, менаџерите и членовите на управните одбори инвеститорите, идните брокери кои се јавуваат како стеикхолдери на ентитетот. |
Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19835 |