Abstract: | Библиотеката Бисери на светкста книжевност, која ја воспоставуваат Дневник и Утрински Весник, е замислена како колекција од педесет најубави дела на модерната светска и македонска книжевност. Младиот македонски писател Гоце Смилевски (1975 година) со романот Разговор со Спиноза направи вистинско тектонско поместување во македонската литература. Овој роман ја доби угледната награда Роман на годината на Утрински весник (за 2002 година). Разговор со Спиноза е интелектуална биографија на осамениот човек. Станува збор за филозофско-есеистички текст што се интересира за идеите, но не го занемарува животот, трагајќи по една рамнотежа меѓу, условно речено, филозофското и она што е живот во романот. Овој роман по својата тема и по својот стил е исклучително освежување во македонската литература. |