Abstract: | Ако се осврнувам на меѓународните односи и во нив на третмано на Македонија, на дел од нејзиината дипломатска историја, веднаш треба да се прашаме-зошто се пишува историја? Кој ја пишува историјата? Зошто таа остава траги во сегашноста, кога во суштина зборува за минатото? На овие и на други прашања треба да се соочи особено оној кој пишува за минатите настани- нему познати, доживеани, проучени, совладни... Во крајна инстанца, пишувањето историјата-заремне е пишување за нејзино доживување во совремиот, а со тоа и создавање на историја заедно со доживеа-ното во моментот, една нова ,,современа,, историја. Затоа, кога се пишува историјатреба да се тргнува од свеста дека се пишува со сознанијата на времето во кое се остава трага за минатото е оптеретен со современите трендови, идеи и цивилизацискиот момент, па дури и со социо-политичкитепритисоци-а се сака од минатото да се извлечат поуки, да се измери сегашноста и усмери кон подобра иднина, да се живее порационално, попросперитетено, помирно и побезбедно. |