Abstract: | 1. За 2005 година, Советодавниот Совет на Европските судии (ССЕС) доби задача, за Комитетот на Министрите на Советот на Европа, да усвои Мислење со наслов "Судството и општеството".
2. Во тој поглед, ССЕС ги имаше во предвид следните клучни точки кои се јавуваат во Рамковниот Глобален Акционен План за судиите во Европа:
-Односите со јавноста, воспитната улога на судовите во демократијата (види дел 5 б од Акциониот план)
-Односите со субјектите кои се инволвирани во судските постапки (види дел 5 ц од Акциониот план)
-Прифатливост, едноставност и јасност на јазикот употребуван од страна на судот во постапките и одлуките (види дел 5 д од Акциониот план)
3. Поготвителната работа беше спроведена врз основа на:
-Уважување на acquis – правото на Советот на Европа како и на резултатите од 5-тиот состанок на Претседателите на Европските Врховни Судови на тема "Врховниот суд: неговата јавност, достапност и транспарентност" (Љубљана, 6-8 Октомври 1999), Конференцијата на Претседателите на Судиските асоцијации на Судии на тема "Правда и општество" (Вилнус, 13-14 Декември 1999) и Европската Министерска Конференција за Медиумите (Киев, Украина, 10-11 Март 2005);
-одговорите на прашалниците на делегациите (со објаснувањето) подготвени од Заменик Претседателот на ССЕС и поднесени на пленарната седница на ССЕС која се одржа во Стразбур од 22-24 Ноември 2004 година;
- извештајот подготвен од страна на експертот на ССЕС во оваа област, Г-дин Ерик Котиер (Швајцарија);
- придонесите на учесниците на 2-рата Европска Конференција на Судии под наслов „Судството и Медиумите „организирана од Советот на Европа во рамките на Полското Претседателство на Комитетот на Министрите, на иницијатива на ССЕС, во соработка со Полскиот Национален Совет за Правда и со поддршка на Полското Министерство за Правда (Краков, Полска, 25-26 април 2005)
-нацрт Мислењето подготвено од работната група на ССЕС (ССЕС-ГТ) во 2005 година.
4. Во подготовката на ова Мислење, ССЕС исто така ги зеде во предвид "Варшавската Декларација", издадена од Третиот Самит на Претседателите на држави и влади на Советот на Европа, одржан во Варшава од 16-17 мај 2005, на кој начин, Самитот на потврди заложеноста за зацврствување на владеењето на правото низ целиот контитент, градејќи се на стандардно поставениот потенцијал на Советот на Европа. Во таа рамка, Претседателите на државите и владите ја истакнаа "улогата на независното и ефикасно судство во државите членки".
5. Ова мислење ги разработува (А) односите со судовите со јавноста, со посебен осврт на воспитната улога на судовите во демократијата, (Б) односите на судовите со субјектите кои се инволвирани во судските постапки, (Ц) односите на судовите со медиумите, и (Д) прифатливост, едноставност и јасност на јазикот употребуван од страна на судот во постапките и одлуките. |