Abstract: | Јoван Стрезовски дебитира во македонската литература пред нешто повеќе од четириесет години, имено во далечината 1957-ма година, како поет – со стихозбирката "Светулки". ОД тогаш па до денес континуирано и системно, според она народското - "ката летника една детика" продуцира во неколку жанровски области на литературата песни, раскази, романи, записи, творби за децата, преводи и литературно-историска граѓа. Бројни се критичките одгласи за неговите творби и мопне високи се вредносните судови за нив. Влогот на овај автор во ризницатаа на современата македонска прозна белетристика, според општа оценка, секако е најзабележлив. |