Abstract: | Последните децении на дваесеттиот век и без чекање поголема дистанција, и без поголемо премислување, можеме да ги определиме како години на квалитетен продор на македонската проза, како во доменот на романот, така и на полето на расказот. Во тие децении на беспоштеден натпревар и на исклучнителни пројави и потвдувања постапно, сигурно и естетски уверливо се искачи и остана достоинствено на македонската книжевна сцена Христо Крстевски, индивидуалност со сложено книжевно проседе, суптилен прикажувач, провокативен есеист, остар полемичар личност која побусно и трижествено и приоѓа на естетската провокација. |