Abstract: | Кон крајот на педесеттите години од дваесеттиот век, името на поетот Гордана Михаилова (подоцна и Бошнакоска) станува се поприсутно во книжевниот живот. Во тоа предземјотресно Скопје, полно една особена раздвиженост, лубопитно за се што се одигрува ја полето на уметноста, растревожено од судир реалисти – модернисти, забрано да стигне на книжевните вчери до Домот на градежните, нестрпливо да се вклучи во светските текови кои како да беа веќе тука, зад аголот, наивно проникнато со свет дека со секоја нова слика или нова песна освојува дел од тој културен светски простор кој чека само на нас. |