Abstract: | Во 1994 година од минатиот век, во "Стремеж" бр 3-4, во интервју со Весна Ацевска, покрај другото, сум рекол: "Времето на романот допрва доаѓа". Притоа образложувам: Романот е навистина моќен, корпулентен и доволно дрзок во себе цврсто да ги соедини различните чинители на уметоста. Тука е неговата шанса. Затоа издржал во паралелата со динамиката на времето кое бара згуснување, рационализација. Но, над тоа, романот е способен суптилно да ја менува својата внатрешна структура, однадвор задржувајќи ја старата фасада.... Натаму додавме: романот се обидува да одговори на некои суштествени прашања и тука се доближува до филозофијата. Но, секогаш се сепнува од таа заблуда и почнува да и се приближува на музиката, на поезијата, за најпосле да се издиференцира како целосно свој, автентичен, неприкосновен. Меѓу уметничките дела, само романот ја нема илузијата дека може да биде совршен. Повикан е (романот) да поставува прашања како дете кое ги освојува просторите на спознанието. Толку точни прашања, толку суштински што не може да им се одговори. |