Abstract: | Во годините по Втората светска војна во Европа беа формирани повеќе меѓународни организации. Така, во 1948 година се појавија Европската организација за економска соработка (ОЕЦЕ)- l'Organisation européenne de coopération économique (OECE), во 1960 година хрансформирана во Организација за сора-ботка и економски развој (ОЦДЕ) -- Organisation de coopération et de développement économique (OCDE), и Унија на Западна Европа (УЕО) - l'Union de l'Europe occidental (UEO), надлежна за вооружувањето и за одбраната, додека пак една организација со политичка карактеристика, Советот на Европа - Conseil de l'Europe, денот го виде во 1949 година. Но на 9 мај 1950 година, во салонот на Часовникот на Quai d'Orsay во Париз беше претставена идејата за една вистинска Европска заедница - Communauté européenne кога во име на францускаха влада Робер Шуман, и предложи на федерална Германија,да го вметнат производството на јаглен и челик на двете земји во една организација отворена и за други земји од Европа, која во духот на својот автор, започна со отворање простор за една европска федерација. Декларацијата Шуман, прифатена од Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург, но не и од Обединетото Кралство кое во Институцијата на супранацио-нална Висока власт - Haute Autorité, гледаше недозволиво напуштање на сувереноста, сепак, на 18 април 1951 година беше потпишан Договорот од Париз - Traité de Paris, од страна на шест држави, со кој се создаде Европската заедница за јаглен и челик - Communauté européenne du charbon et de l'acier (ЕЗЈЧ-СЕСА) кој схапи на сила по ратификациите на 25 јули 1952 година (и истече на 23 јули 2002 година). |