Title : | Збирка на прописи од стварното право : практикум | Material Type: | printed text | Authors: | Родна Живковска, Author | Publisher: | Скопје : Универзитет Св. Кирил и Методиј | Publication Date: | 2010 | Pagination: | viii, 707 p. | Size: | 29 cm | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Descriptors: | Property Law
| Class number: | 346.04 | Abstract: | Стварното право како гранка на правото претставува дел од граѓанското право како семејство од правни гранки, односно тоа е систем на норми кои ги уредуваат имотно-правните односи што имаат стварноправен карактер. Прописите што ги уредуваат тститутите од стварното право и стварноправните односи се многубројни и тие задираат во голем дел од правниот живот. Откако во 2001 година беше донесен Законот за сопственост и други стварни права, како општ закон од доменот на објективното стварно право, во правниот систем на Република Македонија настана период на донесување посебни — специјални закони кои ја уредуваат материјата од стварноправната проблематика. Со нив, повеќе постоечки закони беа изменувани и дополнувани, со цел да се постапи по директивите на Европската Унија, т.е. да се изврши одредено усогласување. Донесените прописи од законодавецот и утврдените права и обврски на титуларите и учесниците на правните односи ја наложува потребата да се изврши соодветна едукација и нивно запознаваље за начинот на остварување и заштита на нивните субјективни стварни права. На тој начин се подигнува општествената и правна свест за поцелосно остварување на начелото на владеење на правото. 2. Со цел постигнатите промени од објективното стварно право да станат достапни и поблиски до правните субјекти, а со тоа и остварувањето и потребната заштита на нивните стварни субјективни права, авторката на овој труд почитуваната и ценета д-р Родна Живковска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје, презела корисна и благородна задача да пристапи на високо стручен и едукативен начин истите да ги собере и систематизира во Збирка на прописи од стварното право — Практикум. Притоа, во извршување на оваа задача авторката, заедно со помладата колешка - д-р Тина Пржеска, направиле систпематика на важечките прописи од областа на стварното право која овозможува прегледност и достапност. Поаѓајќи од ставот на науката дека стварното праео е составено од три дела: Стварно право 1, Стварно право 2 и Стварно право 3, прописите презентирани во Збирката се групирани во рамките на овие три дела. Во делот Стварно право 1 (затоа што го сочинуваат институтите ствари и владение), законските текстови се групирани на: 1. Ствари и 2. Владение. Пред претставувањето на институтот ствари и шститутот владение д-р Родна Живковска се осврнува на уставната и законска рамка на сопственоста во правниот систем на Р. Македонија. Притоа, таа дава осврт на севкупното стварноправно законодавство кое го уредува правниот режим на стварите од општ интерес за Република Македонија. Одделот Ствари содржи: а) определување на поимот ствари; б) ствари од општ интерес за Република Македонија: земјоделско земјиште, пасишта, шуми, ловишта, градежно земјиште, гробишта и погребални услуги, води, културно наследство ијавни патишта; в) одвоен простор е отстапен за деловите на човековото тело со третман на ствари, со условите за земање, разменување, пренесуваље и пресадуваље, а во рамките на оплодувањето на човекот се застапени нормите за биомедицшското потпомогнато оплодување; г) станбените објекти како ствари во правото се претставуваат преку содржината на Законот за домување; д) хартиите од вредност, како вид на ствари и нивниот промет се согледани од аспект на прописите од облигационото право. Владението како институт, т.е. како составен дел на Стварно право 1, е претставено преку нормите на Законот за сопственост и други стварни права. | Contents note: | Стварно право 1(Ствари и Владение); Ствари;Определување на поимот ствари; Ствари од општ интерес за Република Македонија;Деловите од човековото тело како ствари; Станбените објекти како ствари; Хартиите од вредност како ствари; Владение; Стварно праео ; Стекнување, промена и престанок на правото на сопственост и на другите стварни права; Стекнување на правото на сопственост и на другите стеарни права; Стекнување на правото на сопственост и на другите стварни права врз основа на Законот за сопственост и други стварни права; Стекнување на правото на сопственост во „ други случаи определени со закон"; Денационализација; Експропријаццја; Приватизација на градежното земјиште во државна сопственост на кое физички и правнилица имаат право на користење; Посебни случаи на стекнување на правото на сопственост на физичките и правните лица по пат на продажба на стеари во општествена, односно државна сопственост; Градењето како начин на стекнување на правото на сопственост; Размената како начин на стекнување на правото на сопственост на државата и на физичките и правните лица; Конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети што настанале, биле наменети или сеупотребени за извршување на кривично дело; Реквизиција (одземање на користењето на подвижни ствари во посебни состојби намир, кризни состојби и во воена и вонредна состојба; Аграрните мерки ео правниот систем наР. Македонија; Други стварни права во правниот систем на Р. Македонија; Право на службеност; Право на залог; Право нареален тоеар; Право на долготраен закуп; Стварни права на странски лица бзз; Стварно праео 3(3апишување на правото на сопстееност и на другите стварни права); | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=15409 |
|