Abstract: | Историјата на човештвото, покрај другото, се следи преку градбите, коишто останале до денешни дни. Градбите се одраз на начинот на тогашниот живот, организацијата на заедницата, активностите кои се одвивале, па и од односите со соседните народи. Целата цивилизација, како што ја поимаме, се состои од градби на кои што им се воодушевуваме. Истоа така, времето во коешто живееме има свои специфичности што се одразуваат врз начинот на организација на просторот, градежните структури и врз функциите што се карактеристични за нашето време. Развојот на недвижностите и понатаму ќе има огромно влијание врз нашата заедница, но и врз идните генерации. Градежништвото остава силен белег, не само на денешницата туку ја одредува и иднината, и ги „бетонира" идните решенија за развој на економијата и квалитетот на живеењето на луѓето. |