Abstract: | Општиот дел на граѓанското право е член на правното семејство кое, покрај него, го сочинуваат и стварното право, облиѓационото право и наследното право. Стварното право, како објекшивно право, претставува систем на норми со кои се уредуваат општествените односи кои настануваат по повод власта на стварите. Облигационото право, како објективно право, го сочинува системот на норми со кои се уредуваат општествените односи кои настануваат по повод договарањето во прометот, како и поради причинување евентуална штета. Наследното право претставува систем на норми со кои се уредуваат општествените односи кои настану-ваат по повод смртта на едно физичко лице, при што доаѓа до преминување на неговиот имот на наследниците. Сите овие три дела на граѓанското семејство ги поврзува општиот дел на граѓанското право кој според зборовите на познатиот германски правник Унгер, претставува "кормило на граѓанското право", а правншот без него е исто како пилот без компас. Општиот дел на граѓанското право, како систем на норми, ги поврзува стварното, облигационото и наследното право поради постоењето на две заеднички нешта, присутни кај сите членови на граѓанското семејство: прво - тоа е истиот предмет на уредување на стварноправните, облиѓационоправните и наследноправните односи и второ - заедничкиот метод на уредување на општествените односи од имотен карактер. Овој труд, кој, всушност, претставува воведен дел на материјата која се изучува во рамките на предметната програма општ дел на граѓанското право, ја обработува тематиката во врска со поимот, предметот, методот и дефинирањето на граѓанското право. |