Title : | Општ дел на граѓанско право : практикум | Material Type: | printed text | Authors: | Родна Живковска, Author | Publisher: | Кочани : Европа 92 | Publication Date: | 2005 | Pagination: | vii, 134 p. | Size: | 29 cm | General note: | Includes bibliographical footnotes
Includes bibliographical references (p.I-III)
| Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Descriptors: | Civil law
| Class number: | 347 | Abstract: | Називош граѓанско ираво на денешниош сшеиен на развој на граѓанската доктрина претставува ознака за постоење на повеќе правни гранки наречени "семејство од правни гранки", кое го сочину.ваат пред се: стварното право, облигационото право и наследното право. Заедничко за ова семејство на правни гранки е уредувањето на одреден вид општествени односи кои настануваат меѓу физичките лица од една страна, и физичките и правните лица од друга страна, а кои односи имаат имотен ефект, т.е. се изразливи во пари. Стварното право, како правна гранка која влегува во граѓанското семејство, ги изучува општествените односи кои настануваат по повод облиците на власт на стварите, познати како стварни субјективни граѓански права. Облигационото право како правна гранка на граѓанското семејство, за предмет го има изучувањето на оние општествени односи кои настануваат по повод договорните односи и односите кои настануваат врз основа на причинета штета. Наследното право како правна гранка од граѓанското семејство, за предмет го има изучувањето на оние општествени односи кои настануваат по повод смртта на едно лице и преминувањето на неговиот имот на наследниците. Сите три вида на општествени односи (по повод власта на стварите, договорите, надоместувањето на штета и наследувањето) имаат имотен карактер, т.е. предизвикуваат имотни ефекти, во вид на намалувањв или зголемување на одреден имот, како збир од права и обврски. Стварното, облигационото и наследното право како три самостојни правни гранки, освен со предметот на уредувањето се поврзани и со методот на уредувањето на овие општествени односи, наречен граѓанскоправен метод на уредување или метод на координација. Тој се заснова на четири основни принципи : принцип на слободна иницијатива на страните при стапување во граѓанскоправните односи, принцип на еднаквост на страните, принцип на преносливост на граѓанските субјективни права и принцип на имотна санкција, во случај на повреда на овие општествени односи. Правниот живот во Република Македонија (динамиката на граѓанскоправните односи) неминовно доведува до извесно релативизирање на апсолутноста на четирите основни принципи на граѓанскоправниот метод на уредување на овие општествени односи. Коректурата притоа се врши со помош на дополнителни принципи пропишани од страна на објективното граѓанско право (стварното, облигационото и наследното). Станува збор за принципите: правичност, правна сигурност, совесност и чесност и други, кои доколку судиите ги применат во решавањето на граѓанските предмети доведуваат до отстапување на апсолутноста на некој од четирите основни принципи на граѓанскоправниот метод. Ноторно е дека овие отстапувања предвидени во објективното граѓанско право не го доведуваат во прашање постоењето на граѓанскоправниот метод на уредување, т.е. методот на координација на страните во овие општествени односи. | Contents note: | Граѓанското право како објективно право; Предмет и метод на граѓанското право; Формални извори на граѓанското право; Класификации на нормите на граѓанското право; Толкување на граѓанскоправните норми; Граѓанскоправен однос; Граѓанскоправен субјективитет; Објекти на граѓанскоправниот однос; Правни факти;Стекнување, промена и престанок на граѓанските субјективни права; Правни дела; Вршење на граѓанските субјективни права; Заштита на граѓанските субјективни права; Застапништво; | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=14988 |
|