Title : | Економија на Европската Унија | Material Type: | printed text | Authors: | Мирко Трипуноски, Author | Publisher: | Скопје : Универзитет ФОН | Publication Date: | 2009 | Pagination: | 393 p. | Size: | 24 cm | ISBN (or other code): | 978-6-08-450611-9 | General note: | Includes bibliographical references (p.388-393) | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Descriptors: | Economical politics European Union
| Class number: | 337.1 | Abstract: | Целта на оваа книга е да направи преглед на искуствата во економските интеграции на различни држави во Европската унија. На она искуство што трае и што опстојува повеќе од 59 години, што е многу кусо за историски оценки за пристапот на нациите и за можното градење на перспективните гледишта во натамошното надградување на ЕУ. Уникатноста на европското искуство претставува сериозна посветеност кон сопствената цел во создавањето на европската економска политика помеѓу различни економско-развиени држави. Таа е, исто така, единствена и поради нфините институции што немаат сличности со други меѓународни организации. Уникатноста е и во однос на нејзините досегашни постигнувања, бидејќи во толку кус временски период постигнапа хармонизиран начин на живот и економска благосостојба, што толку многу се разликувала на почетокот на евроинтеграциските процеси.
Книгата „Економија на Европската унија" прави обид да му овозможи на читателот да дојде до еден целосен преглед и до целосни видувања на фактите што се неопходни за разбирање на софистицираната проблематика на економските процеси и на нивната комплексност. Акцентот во оваа книга е ставен на заедничките економски политики што се градеа и што се изградија од страна на Европската заедница/Европската унија од 1950 до 2008 година. Оваа книга е наменета за секој што ги истражува процесите на европската економска интеграција како студент. економист или како институција, што сака да ги има практичните информации за европската економска политика шти како политичар или правник што се интересира за правото на ЕУ што во континуитет се надградува заедно со економијата.
Овој труд е напишан со цел да се користи како учебник за студентите на ФОН Универзитетот - Скопје, четврта година на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, но и за студентите на Факултетот за применети јазици. Во основа, овој труд има 18 тежишта што имаат заедничка економска карактеристика, меѓутоа секое поглавје има своја содржина и своја цел како посебна целина и свој соодветен метод на обработка. | Contents note: | Почетоци на развој на Европскиот интеграциски процес; Појмовно и историско одредување на економските интеграции во Европската Унија; Монетарна интеграција; Даночна политика; Буџет; Земјоделство; Политика на конкуренција; Индустриска политика; Услуги; Трговија; Регионална политика; Мобилност на капиталот; Мобилност на работната сила; Еколошка политика; Сообраќајна политика; Социјална политика; Проширување кон исток; Одлука на Советот за принципите, приоритетите и условите содржани во европското партнерство со Република Македонија. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=14485 |
|  |