Contents note: | Би било убаво тие приказни да ги знае секој. Без разлика дали Македонци дали Aлбанци, и би било убаво да бидат презентирани реално, без додавање и без одземање. Пошто кај нас и седум години после ова се е завиткано во тајност, мислам, во магла; И многу ми е грдо кога кажувам нивни-наши луѓе се осеќам грдо и не знам како да си го поставам тоа, како да кажам ние-они така да треба да се развие, не знам, поинаков јазик; Во војна ни лебот не ти се јадеше, јадевме брза храна: штом седнеме да јадеме, започнуваа пукањата и го остававме лебот; Ферски да се настапи би имало соживост, да се сфати дека на сите тука ние е место, и дека тука можеме да просперираме сите заедно да унапредиме, да живееме, дека заедно можеме да живееме, сами не можеме; Не е мој сон, затоа што јас сум на страна на оние кои тежнеат повеќе кон стабилноста отколку кон војните, затоа што сакам да живеам добро, слободно и не сакам да загубам некого од семејството; Ако не се знаат претходно ако не се пријатели он ќе рече, ќе рече дека е албанец и одма има друго мислење за него. Ама мислам дека се поправа може за 10-15 години нема да има некоја разлика; Ви се верува дека роденденот не си го знаев, ме прашуваа за роденденот, не знаев кога ми е роденденот, не знаев кога сум роден; Тоа се чувствуваше, мислам дефинитивно знам дека и од нивна страна и од наша страна, го сакавме, го сакавме истото, дали тоа вроди плод, не знам баш; Честопати наутро кога ќе се разбудиш гледаш како стаклата на продавниците се скршени. Тоа што се случувало ноќе го гледаш наутро; После тоа едино што поише мрзим, (....)е ...., оваа дневна политика; |