Title : | Растенија : врвни визуелни преставувања на растенијата и цвеќињата од целиот свет | Material Type: | printed text | Authors: | Џанет Маринели, Editor ; Дарко Спасов, Translator | Publisher: | Скопје : Младинска книга | Publication Date: | 2010 | Other publisher: | London : Dorling Kindersley | Pagination: | 512 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | ISBN (or other code): | 978-6-08-450037-7 | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : English (eng) | Descriptors: | Biology Nature Plants
| Class number: | 580 | Abstract: | Биолошката разновидност која ја прекрива копнената површина на целата наша планета лежи исклучиво врз еколошки темели овозможени од растенијата, и иако е ова научен факт, сепак, не е широко прифатен. Врз основа на тоа, растенијата играат суштинска улога во одржувањето на бмосферата. Разновидноста во светот на растенијата ја поддржува и разновидноста кај цицачите, птиците, водоземците и сите друти животи кои ни ги збогатуваат животите, и помага во еколошките процеси кои не одржуваат. Во последниве неколку години се повеќе се зголемува свесноста дека градините се безбедни оази за растенијата кои се под закана во своите природни месторастења. Гинкото, метасеквојата, чилеанската сина качунка и космосот со мирис на чоколадо се само неколку примери на растенија кои живеат во загрозени подрачја во природата, а чија иднина е обезбедена од нивната понуларност во одгледувањето. Сепак, од милионите луѓе во светот кои добиваат огромно задоволство од градинарството, мал е бројот на оние кои целосно ја разбираат важноста на она што тие можат да го сторат за зачувување на растенијата. Оваа книга претставува прв меродавен прирачник за градинарите кои се заинтересирани за тоа како преку својата страст за одгледување растенија да придонесат кон нреживувањето на некои видови. Посебен акцент им е даден на оние растенија кои во денешно време се ранливи и се под закана. Извршен е преглед на жариштата на разновидност на растенија . како и на растенија кои се во опасност, од континент до континент, и го свртува вниманието кон растенијата во дивината кои во овој момент се во опасност од изумирање како резултат на прекумерно експлоатирање преку хортикултурното тргување. Исто така, објаснети се и законите и одредбите кои се од витално значење при управувањето со пренесувањето и размената на растенија на светско ниво. Целта е да се покаже како може градинарите да дадат придонес во зачувувањето, а истовремено се охрабруваат и, при зачувувањето во природата, да се осигурат дека со нивните дејства не создаваат нови еколошки проблеми, каков што е на пример проблемот со инвазивни видови. Од особена важност за целите на глобалното зачувување е да им се помогне на луѓето од целиот свет да имаат полза од зачувувањето на своите локални растенија Во овие како и во многу други теми оваа книга зазема проактивен пристап. Ги нагласува клучните проблеми и покажува на кој начин градинарите можат да им помогнат на растенијата и на луѓето низ целиот свет. Оваа книга е извонредно богат и апсолутно неопходен ресурс за сите оние кои ги сакаат растенијата, ја разбираат нивната важност и се загрижени за разновидноста на растителниот свет и за неговата иднина Професор Сер Питер Р. Крејн, Кралско друштво за унапредување на природонауката, Директор на Кралските ботанички градини во Кју Џенет Маринели, авторите-соработници и Дорлинг Киндерсли заслужуваат големи заслуги за создавањето на една значајна и прекрасна книга. Ова извонредно дело воведува една нова етика во градинарството: етика во која градинарите не се заинтересирани само за тоа што можат растенијата да сторат за нив, туку се подзамислуваат и за тоа што можат тие да сторат за растенијата и за нашата планета. | Contents note: | Како да се користи оваа книга; Што прават растенијата за планетата; Што прават растенијата за нас; Еволуцијата на растенијата; Разновидноста на растенијата денес; Класификација на растенијата; Кризата со исчезнување на растенијата; Дејствување на глобално ниво; Заштита на природните предели; Ботанички градини; Месторастења; Шуми; тропски шуми; Умерени и бореални шуми; Дрвја и грмушки; Голосемениа растенија; Тревни растенија; Ползечки растенија; Луковичести растенија; Треви и бамбуси; Глобален водич на инвазивни растенија; Македонија, земја на дабови; Јаворите во Република Македонија; Дендропарк, планетарна урбана шума; Катедрата за ботаника и дендрологија на Шумарскиот факултет во скопје; Жешки точки на био разновидност; Поправање на штета; Обезбедување на иднината; Улогата на градинарите во зачувувањети на растенијата; Изумрени во природата, Живи во градината; Купување на растенија; Нова дефиниција за плевелот; Природно градинарство; Нега на дивиот свет; Ширење на разновидноста; Тревни предели; Влажни тревни предели; Медитерански месторастења; Пустини; Високопланински растенија; Папрати; Кактуси и сукуленти; Палми и цикаси; Орхидеи и бромелии; Месојадни растенија; екорегиони; Црвени листи на ИУЦН и Глобална стратегија за конзервација на растенијата; Видови растенија контролирани од ЦИТЕС; Речник на стручни изрази; Регистар; Благодарност за фотографиите; | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=16160 |
|  |