Abstract: | Овој фасцинантно напишан роман во себе го содржи вечниот фаустовски мотив на безусловен „договор со ѓаволот“, со цел да се достигне идеалот на вечната младост и привлечност.
Сфаќајќи дека еден ден неговата убавина ќе избледи, Доријан Греј изразува желба да си ја продаде душата во замена за тоа да старее неговиот насликан портрет, а не тој. Желбата му се остварува – тој престанува да старее. Започнува да води распуштен живот, а ефектите од тоа се рефлектираат врз портретот, кој му служи како потсетник за сите зла што ў ги нанесува на сопствената душа. На крајот поради немоќта да се соочи со последиците од својот договор, Греј оди во целосна пропаст.
Сликата на Доријан Греј е софистициран, но суров роман за постојаната желба на човекот за вечна младост и убавина, роман за несовршеноста на човекот и незапирливиот порив таа несовршеност да се надмине, но и роман за ограничените можности на човечката егзистенција. |