Abstract: | Oвој број на списанието МОМ11МЕМТА е посветен на академик Цветан Грозданов (1936 - 2018), основач на Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, негов долгогодишен раководител, втемелувач и уредник на списанието. Бројот содржи научни прилози на негови соработници, колеги, некогашни студенти и ученици, кои со посебен пиетет и почит ги посветија во спомен на својот професор и пријател, врвен истражувач на средновековната уметност, култура и историја, чие дело ја задолжи нашата наука и култура. Неговото дело и неговиот научен опус е вреднуван и ценет и во академските средини на соседните балкански земји, но и, пошироко, во научните центри во Европа и во светот. Редакцијата на списанието им се заблагодарува на авторите кои со своите научни прилози тематски и содржински го збогатија овој број, кој за Центарот и за МАНУ има посебно значење. |