Abstract: | Вовед
Старателството како облик на заштита на лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси”(Закон за семејство консолидиран текст, 2015, стр.47), има општественото и научното значење во Република Северна Македонија, кое се должи на дефинирањето на нашата држава во Уставот на Р.С.М. како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, односно на фактот дека хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како едни од Темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, гарантираат право на помош на “немоќните и на неспособните за работа граѓани” (Устав на Република Македонија, 1991, стр.7). “Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот” (Устав на Република Македонија, 1991, стр.7). Според тоа хуманиот карактер на нашата држава се огледа и преку грижата за лицата изложени на ризик, согласно кој државата обезбедува и соодветни услуги и права со цел надминување на ризиците. Лицата под старателство, како лица изложени на ризик се сепак подеднакви, рамноправни граѓани кои имаат исти права како и останатите и имаат право на достоинствен живот. Имајќи го предвид тоа, можеме да заклучиме дека потребата старателството добро да се истражи и проучи: неговото настанување, постоење, облици на примена во Р.С.М. и во земјите во светот, согледување на предностите и недостатоците на истото, потребата да се надгради и унапреди, е неопходно и неминовно за постигнување на поставените цели. Тоа подразбира и согледување на досегашните искуства, предности и недостатоци при практикувањето на истото, потреба за надградување на постојните услуги и воведување на нови, односно превземање на сите потребни мерки со кои би се унапредила благосостојбата на оваа категорија на граѓани. Само со соодветни услуги, права и облици на заштита ќе се овозможи еден достоинствен, поквалитетен живот на оваа ранлива категорија на граѓани на Р.С.М. |