Title : | Мирно решавање на спорови, односот со соседите на РСМ : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Владимир Ристовски, Dissertant ; Agron Rustemi, Thesis advisor | Publisher: | Факултет за современи општествени науки | Publication Date: | 2022 | Pagination: | 96 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes аppendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | Вовед
Во магистерскиот труд го следев развојот и односот на Република Македонија со соседите започнувајќи од 1991 до ден денес. Преку соодветно објаснување ќе ја согледаме важноста на оваа теза, како и важноста од истражување на наведената проблематика. Првенствено ќе се фокусирам на грчко-македонскиот спор за името и неговото влијание врз политиката на Македонија, а потоа и на положбата на Македонија во меѓународниот систем и односите со соседите, конкретно Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Со оглед на тоа што спорот за името трае речиси 30 години, преговорите за спорот ќе ги поделам на неколку точки, во кои ќе бидат презентирани индивидуалните клучни периоди. Ќе ја разгледам секоја од можните причини за блокадата од страна на Грција, на која и пречеше не само името на соседната земја, туку и фактот дека во Македонија тогаш владееше корумпирана влада. Сите овие карактеристики може да доведат до нестабилност низ целиот регион, на Балканскиот Полуостров. Состојбата на Република Македонија во меѓународниот систем долго време беше значително погодена од голем број фактори што ќе ги опишам во мојата работа - географска локација, проблеми поврзани со распадот на Југославија и последно, но не и најмалку важно спорот за името. Ќе се обидам да откријам како овие фактори влијаеле и се уште влијаат врз односите помеѓу Република Македонија и избрани значајни државни и недржавни актери во меѓународниот систем. Во овој дел, ќе ги разгледам односите на Република Македонија со САД, Русија, Европа итн., како и организации како што се Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) или Европската унија (ЕУ), кои играа голема улога во обликувањето на сегашната политика на Македонија од 1991 година. Република Македонија сега е држава фокусирана на развој и заедничка соработка со сите земји во светот. Начинот за промена на името не беше лесен и имаше многу негативни последици. Поради долгорочната економска изолација на Република Македонија, нејзината економија се најде на последното место на Балканот, и затоа се појавија етнички судири во земјата. Благодарение на големиот број различни националности на територијата на Македонија, локалните политичари успеаја да развијат механизми за помирување, што помогна да се стекне богато искуство во решавањето слични спорови. | Link for e-copy: | https://repository.seeu.edu.mk/sites/thesis/ThesisSharedDocs/MA_107006.pdf | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=22015 |
|