Title : | Влијанието на Бизмарковиот и Бевериџовиот пристап во Креирањето и реформирањето на социјалните држави во Европа : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Agron Rustemi, Dissertant ; Nano Ruzhin, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Факултет за јавна администрација и политички науки - ЈИЕУ | Publication Date: | 2008 | Pagination: | 144 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes аppendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | ВОВЕД
Предизвикот со кој се соочува секој истражувач, при третирањето на теми кои имаат историска значајност и рефлексија врз современите текови на пштественото живеење, бездруго претставува импулс за повторно и повторно откривање на мунициозните нијанси на зададениот проблем. Во ова истражување направен е обид за реактуелизација на конкретни концепти за социјална политика и модели на држава на благосостојба (т.е. Бизмарковиот и Бевериџовиот модел), кои ретставуваат во исто време и основа на современите модели на социјална политика и социјална заштита; и воедно извршуваат одредено влијание врз современите концепти за социјална политика - држава на благосостојба (во национални рамки) - но влијаат и врз она што се почесто се нарекува глобална социјална политика или политика на одредени супранационални инстанци (ЕУ на пример) кои се обидуваат да креираат заедничка политика, апликативна за поголем број на држави. Претставувањето на двата основни модели на социјална политика, т.е. оние на Ото фон Бизмарк (1815-1898) и Вилијам Бевериџ (1879-1963) ќе биде направено преку спореден пристап, кој освен што ќе ги презентира основните карактеристики на двата модели, ќе овозможи и следење на взаемното влијание кое овие модели го вршат помеѓу себе, како и влијанието кое го вршат врз моделите за социјална политика на современите автори како што се Госта Еспинг-Андерсон, Маурицио Ферера, Ричард Титмус и др. Принципите врз кои е одбрана горенаведената тема и нејзината содржина, кореспондираат со она што денес во современата наука за социјална работа и социјална политика се смета за жива и актуелна тематика, и одговарааат на предизвикот наречен компаративен пристап на историски различни толкувања и видувања на социјалната држава и држава на благосостојба, во рамките на европската мисловна традиција. Според тоа основниот принцип кој е запазен при бирањето на темата е хевристичката плодност на компаративното истражување на Бизмарковиот и Бевериџовиот модел на социјална држава со оние на современите автори, како и влијанието на овие два модела врз отелотворувањето на заедничката европска социјална политика. | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19748 |
|