Title : | Казненото дело силување во законодавството на Република Македонија и судската практика на подрачје на Основен суд Тетово во периодот од 2005-2011 год. : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Христина Василевска, Dissertant ; Владо Камбовски, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2014 | Pagination: | 76 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | Вовед
Секојдневно се соочуваме со кривични дела против животот и телото кои се многу малку истражувани. Од причина што постои недостаток на истражувања за едно од најраспространетите кривични дела моето истражување го посветив на казненото дело силување. Предмет на ова истражување е анализа на казненото дело силување, неговите карактеристики опишани во македонскиот Кривичен Законик, како и случаите во судската практика. Преку анализа на позитивното право и пријавените случаи на подрачјето на Основен суд Тетово овој труд ги разработува резултатите и дава појдовна основа за понатамошна превенција и едуцирање на потенцијалните жртви, што води директно до намалување на стапката на изврш ување на ова дело и до зголемување на бројот на пријавени случаи. Истотака внимание и беше посветено и на европската легислатива во поглед на поновото дефинирање на силувањето. Истражувањето се спроведе на подрачјето на Основен суд Тетово во периодот од 2005-2011 година, преку анализа на пријавените случаи и сторители на делото. Посебно внимание истражувањето им посвети на карактеристиките на сторителот од аспект на место на живеење, семејна состојба, трауми претрпни за време на детството и раната младост и други демографски, психолошки и социјални карактеристики. За ваквата анализа податоци беа земени од Основниот суд во Тетово. Предметот на истражувањето е продлабочен со дефинирањето на казненото дело силување во кривичните законици на другите држави кои беа дел од истражувањето, но и дефинирањето на ова казнено дело во Конвенцијата за превенција од семејно насилство врзжените, како и препораките на Европскиот Совет. По ова беше извршена споредба на елементите, кои се исто, а кои различно дефинирани во позитивното казнено право на овие држави и во казненото право на Република Македонија. Преку истражувањето беа разгледани и споредени и предвидените мерки и казни во закониците, како и нивната ефикасност и степен на употреба во државите каде тие треба да се применуваат. Преку споредбата се утврди дали македонскиот Кривичен Законик нуди ефикасни мерки и казни и каде постои простор за прифаќање на позитивни искуства од другите држави, но и се нагласи потребата од нова дефиниција на казненото дело силување во македонското законодавство преку која ќе се опфатат повеќе елементи на ова дело со што ќе биде појаснето неговото битие. Главна хипотеза која е поставена со почетокот на истражувањето е: Одредени демографски, психолошки и социјални карактеристики условуваат создавање на профил на сторител на казненото дело силување. Начинот на кој едно лице е одгледано, местото и луѓето од неговото тесно опкружување влијаат во создавањето на лице наклонето кон извршување на казненото дело силување. Исто така во текот на трудот се обидовме да покажеме дека силувањето ги има истите белези во сите кривични законодавства, но неговото казнување зависи и варира во зависност од поставеноста на казнено правниот систем на една држава. Методите преку кои овој труд е составен се најразлични, односно заклучоците се донесени преку употреба на правни методи, но и преку употреба на синтеза на правни и други методи, притоа потпирајќи се на социолошки, догматски, историски и компаративен метод кои јасно ќе бидат воочливи во текот на анализата на трудот. Темата на овој труд за жал е многу актуелна, сведоци сме дека, иако општеството напредува и се развива во поглед на правата на жените, сепак постојат општества каде жените се третираат како предмети. Во овој труд никако нема да се ограничиме само на жената како жртва на силувањето, напротив ќе го продлабочиме поимот со случаи со кои се среќаваме секој ден, каде жртвата е маж, жена, момче, девојче. Она кое што беше актуелно додека вршев истражување за овој труд беа силувањата во Индија и Египет, кои кај мене предизвикаа уште поголема желба за истражување и за донесување на заклучоци во врска со она што е погрешно во нашето општество. Преку ова истражување дојдов до одговори на прашањата заради кои најпрвин се одлучив да пишувам: Дали денеска силувањата се позастапени или отсекогаш биле тука само биле прикривани и помалку медиумски експонирани? и Дали луѓето еволуирале, се промениле и дали она што не разликуваше од животните, можноста за контрола на нагоните, денеска е израмнето со останатите животни?, | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=20012 |
|