Title : | Правна одговорност на лекарите во период од 2005-2012 година : магистерски труд - втор циклус | Material Type: | printed text | Authors: | Кристина Тимовска, Dissertant ; Ismail Zejneli, Thesis advisor | Publisher: | Тетово : Правен факултет - ЈИЕУ | Publication Date: | 2014 | Pagination: | 59 p. | Layout: | ill. | Size: | 30 cm | General note: | Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes appendix | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) | Abstract: | ВОВЕД
Медицинската практика подлежи на нормативно уредување во сите правни системи особено во доменот на обуката, приемот, образовната подготвеност и организациската поставеност на самата професија. Аналогно на истото, и во Република Македонија постои потреба од детална анализа на таа проблематика, бидејќи со утврдувањето на правилата со кои би се уредувала истата, истовремено значи општестевна одбрана на одредени вредности и добра, како здравјето и животот на определена општествена единка, која би била постигната со правно уредување на односот доктор-пациент преку утврдување на тоа кој е квалификуван да ја извршува праксата, изрично определување на услугите кои определен доктор може да ги понуди, како и обезбедување на механизми за решавање на определни спорни околности меѓу страните во тој однос и секако адекватна санкција во случај да настапат поведенија кои се квалификуваат како кривични дела. Релацијата доктор-пациент означува дека докторите во тој однос најчесто нудат една богата палета на услуги кои се расчленети на категории односно на дијагноза, совет и третман и повеќе подкатегории во рамките на секој од нив. Некои законодавни системи тука го инволвираат и застапувањето, како на пример ангажирање на услуги на специјалисти или инволвирање на аранжмани за хоспитализација, но истото има посредна а не непосредна улога. Односот доктор - пациент е доста компатибилен со односот адвокат — клиент бидејќи упатува на однос на меѓусебна доверба, со слични должности од професионален аспект - доверливост, должност да се даваат совети и информации, лојалност и.т.н. Сепак, независната приватна паркса не познава договор со кој би се регулирал односот доктор - пациент но сепак практиката и самите нормативни услови алудираат на можност за негово формално уредување. Имајќи го во предвид истото, без оглед дали постои формален аспект во тој однос, постојат обврски кои по секако паѓаат на товар на одредена договорна страна односно на пример, постои обрвска докторот да го прими пациентот кој бара медицинска помош, наспроти обврската на пациентот да побара медицински совет. Иако, гледано од меѓународен аспект поголемиот број на законодавства не предвидуваат ваква обврска, генерално тие се прифатени во пракса.
| Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=19961 |
|