Title : | Илустриран атлас на истражубањата | Other title : | The illustrated Atlas of Exploration | Material Type: | printed text | Authors: | Голубовиќ Ивана, Editor ; Дарко Спасов, Translator | Publisher: | Скопје : Младинска книга | Publication Date: | 2013 | Pagination: | 281 p. | Layout: | ill. | Size: | 34 cm | ISBN (or other code): | 978-6-08-450036-0 | Languages : | Macedonian (mac) Original Language : English (eng) | Descriptors: | Atlas Discovery and exploration
| Class number: | 508 | Abstract: | Во денешниот свет на прекуокеански летови и масовна комуникација, кога речиси секој дел од светот му е на дланка на решителниот патник, тешко е да се замисли времето кога луѓето низ светот, па дури и напредните цивилизации, живееле во незнаење за постоењето на „другите". Кога првите Европејци стапнале на брегот на американскиот континент, првпат се соочиле лице в лице со далечните роднини од човековата дијаспора. Кога средновековните трговци се пробивале по копно кон Исток, на свое изненадување, откриле општества чии достигања биле еднакви, ако не дури и повисоки од нивните. А кога истражувачите почнале да навлегуваат во густите тропски џунгли, сретнале народи кои со векови живееле во блажена изолација, несвесни дека зад нивниот хоризонт постои свет. Историјата на истражувањата е суштествена за нашето разбирање на светот каков што денес го познаваме. Без разлика на скриените мисли - потрагата по богатства, ширењето на трговијата и на религијата, збогатувањето на империите или едноставно незаситната глад по знаење единствено благодарение на трудот и патешествијата на истражувачите успеавме нашава планета да ја видиме како целина, да ја сфатиме комплексноста на нејзината географија и клима, да ја распознаеме нејзината голема разновидност од растенија и див свет и да ги почитуваме стилот на живеење, обичаите и верувањата на тие што ги населиле нејзините најоддалечени места. Ова е фасцинантна приказна за решителноста, хероизмот и опстанокот, а истовремено и за средбите, некои полезни, а некои штетни. Исполнета е со исклучителни луѓе, мажи и жени, чии извонредни достигања и авантуристички дух за многумина од нас се уште се пример за следење на нивните достигања, до најмрачните длабочини на океаните, бизарните пејзажи на планетите од Сончевиот систем и бескрајниот простор отаде. Илустрираниот атлас на истражувањата е напишан да ја оживее оваа примамлива историја и пред читателот да претстави визуелно атрактивен и веродостоен запис што со задоволство ќе се прелистува. Секоја статија е дело на признаен стручњак од соодветната област; илустрациите се внимателно одбрани за да го одразат значењето на експедициите во современите и модерни контексти; а целосно појаснетите карти ги претставуваат маршрутите на истражувачите со исклучително ниво на точност. Оваа книга е напишана имајќи го целосно на ум читателот и искрено се надевам дека е книга со која ќе се гордеете што ја поседувате. | Contents note: | Патубањата во Антиката; Среден век; Европската извиднича мисија; Азија; Африка; Северна Америка; Средна и јужна Америка; австралија и Пацификот; Поларни истражубања; Истражување во океанските длабочини; Истражување на вселената; | Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=15896 |
|  |