Title : | Македонија во меѓународните односи, од 16 до 20 век : прилози |
Material Type: | printed text |
Authors: | Михајло Миноски, Author |
Publisher: | Министерство за култура на Р. Македонија |
Publication Date: | 2009 |
Pagination: | 311 p. |
Size: | 21 cm |
ISBN (or other code): | 978-6-08-650940-8 |
General note: | Includes bibliographical footnotes
|
Languages : | Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) |
Descriptors: | International relations - Macedonia
|
Class number: | 327.4979 |
Abstract: | Македонија со својата местоположба на Балканскиот Полуостров (во неговиот средишен дел на морскиот брег на Егејското Море) со специфичната геостратегиска важност во регионот и со респектабилните природни ресурси била привлечна цел, објект на претензиите на државите во регионот за нејзино владеење. Во 70-те години на XIV век Македонија била загрозена од исламската Османлиска држава. Македонските владетели кралот Волкашин и деспотот Угљеша ги здружиле силите за самостоно да се противстават и да го запрат продорот војските на моќната регионална сила. По нивниот пораз во 1371 година до крајот на векот Османлиската држава ја завладеала Македонија и се здобила со вонредно важна позиција, што и овозможила натамоно брзо напредување во освоју-вањата на Балканот. Под власта на Османлиската држава бил ликвидиран домашниот благороднички општествен слој. До почетокот на XVI век ги снемало и последните македонски кнежевски семејства. ОпстоЈала само Охридската архиепископија (до нејзиното укинување во 1767 год.). единствената призната интитуција КОЈЗ со своето свештенство го прет-ставувала и го заштитувала македонскиот православен народ. Со натамошното влошување на положбата во XVI век во Македонија се зголемувал отпорот (Прилепскомариовската буна во 1564-1565 год. и организираното ајдутството) Османлиската држава западнала во економска криза и војнички заслабнала. Пред крајот на векот кога ги претрпела првите големи порази во војните со европските драви, свештенството и народот очекувале нивна поддршка и помош за своето ослободување од власта на исламската империја. Архиепископите на Охридската архиепископија од крајот на XVI век патувале во Европа, за придобивање на владетелте на моќните европски држави: Хабзбургшката монархија, Русија, Полска, Венеција и Шпанија, како и (во прв ред ) влијателните римски папи за создавање воен сојуз против исламската Османлиска Империја за ослободување на Македонија и на другите христијански земји на Балканот. Нивните апели и барања не биле прифатени. Европските држави имале противставени интереси и други приоритети. Интерес покажала (тогаш и подоцна) единствено Хабзбургшката монархија, главната опонентска сила на Османлиската Империја на континенталниот дел на Балканот. За време на војната на сојузените сили: Австрија. Полска Венеција и Русија од 1683-1691 година (од март 1684 год. сојузени во „Светата лига") кога австриските војски продреле во 1689 година на југ на Бал-канот. во Македонија било кренато големо востание предводено од Карпош. Во ослободениот северен дел на Македонија била воспо-ставена востаничка власт. |
Contents note: | Врските на охридскиот архиепископ Гаврил со Австрија; Врските со европските држави за нивно придобивање за ослободител-ните планови и потфати во Македонија, ХУ1-ХУШ век; Македонија како интересно подрачје на Хабсбургшката монархија во плановите и договорите за поделбана Османлиската; Империја; Плановите на Австро-Унгарија за директна железничка врска Виена-Солун преку Босна (1869-1902); Македонија во српско-грчките преговори за поделба на интересни подрачја во 1861/1862 година; Ставот на Австро-Унгарија спрема Македокија во Источната криза; Ставот на Русија спрема македрнското прашање на Цариградската конференција 1876 година; Европската дипломатија и македонското прашање во XIX век, до Илинденското востание; Некои согледувања за односот на руските дипломатски прет-ставници во Скопје спрема настаните во Македонијаод крајот на 1897 и почетокот на 1898 година; Некои согледувања на надворешните фактори за македонското прашање во предилинденскиот период; Македонското националноослободително движење и Австро-Унгарија; Меѓународната констелација пред и за време на Илинденското востание; Српско-бугарските конфронтации и спогодувања за Маке-донија; Македонија и македонското прашање во руската политика на територијално статус-кво на Балканот (1904-1908); Австро-Унгарија и меѓубалканските спогодувања и конфронтации за Македонија (1912-1913) ; Контакти на Македонци со Соединетите Американски Држави во почетокот на 1919 година; Ставот на Грција спрема остварувањата на малцинските права на македонскиот народ во приморскиот дел на Македонија, 1925-1926 година; Дејноста на Димитар Влахов за воспоставување на надворешни врски на македонското националноослободително и револуционерно движење (1924-1934); Македонското прашање во меѓународните односи во времето на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ(1943-1944); |
Record link: | https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=15464 |