
Edward Elgar Publishing UN iLibrary HeinOnline Directory of Open Access Books SAGE Journals ASTM Compass Arxiv
From this page you can:
Home |
Author details
Author Хамит Алиу
Available item(s) by this author



Вовед во економија / Хамит Алиу
Title : Вовед во економија : скрипта Material Type: printed text Authors: Хамит Алиу, Author ; Армен Кадриоски, Author Publisher: Tetovo : South East European University - SEEU Publication Date: 2002 Pagination: 232 p. Layout: ill. Size: 23 cm General note: Includes bibliographical references (p. 231-232) Languages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Descriptors: Economy Class number: 330 Abstract: Да се пишува учебник за Факултетските високо - образовни установи с многу тешка и одговорна работа. Тешка работа е затоа што бара голем труд и време. а одговорна е поради тоа што пишаниот збор останува да трае во времето пократко или подолго и авторот го става на "бришан простор" изложен на напади и критики од сите страни. Кога се работи за егзактни науки, проблемот лежи во квалитетот на презентираниот материјал, но кога се работи за општествените науки, горната констатација многукратно се засилува. Меѓутоа, беа едни времиња, поминати, за некои подобри од сегашните за некои полоши, во времето кога економијата се сметаше за егзактна наука со точно определен предмет, метод и опсег и со точно дефинирани економски категории, макар што, трагањето по економските вистини од оформувањето на оваа наука до денес, никогаш не престанало и уште долго нема да биде дефинитивно завршен научен процес. После Втората светска војна, светот и економијата се поделија на два табори. Во едниот беше капитализмот со капиталот и пазарот како квалитети "пар екселанс" а на другата страна социјализмот со државната сопственост и идеа за едно идно бескласно општество, односно од едната страна, во економската наука доминантна мисла во основа беше учењето на Џон Мајнард Кејнз, а на другата страна учењето на Карл Маркс, во ова време учебниците по политичка економија претендираа да останат "вечни". Меѓутоа, од седумдесетите години на запад, а деведесетите години на исток, економските текови зедоа таков правец што и едното и другото учење го ставија под голем знак прашалник. На запад, при секоја рецесија, депресија или криза, се ставаат на проба сите досегашни економски сознанија, а на исток турбуленциите со силен замав почна да се дви'и во спротивната насока. Contents note: Дефинирање на економската наука; Главните економски правци; Микроекономија; Вовед во микроекономијата; Пазарот, понуда и побарувачка; Анализа на трошоците и пазарите; Распределбата на дохот и производните фактори; Државата и економијата; Макроекономија; Вовед во макроекономијата; Мерење на националниот производ; Невработеноста и нејзините последици; Парите и банкарскиот систем; Монетарната политика; Фискална политика; Меѓународни економски односи; Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=22333 Hold
Place a hold on this item
Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status 3702-002552 330 Ali-Vov 2002 General Collection Library "Max van der Stoel" Macedonian Available Воведување на маркетинг / Тихомир Чепреганов
Title : Воведување на маркетинг Material Type: printed text Authors: Тихомир Чепреганов, Author ; Хамит Алиу, Author Publisher: Феникс бб трејд Publication Date: 2010 Pagination: 188 p. Size: 23 cm ISBN (or other code): 978-9989-14-340-3 General note: Includes bibliographical references (p. 170-188)
Includes bibliographical footnotes
Languages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Descriptors: Marketing - Basic marketing Class number: 658.8 Abstract: По својот карактер и суштина, маркетинг концепцијата претставува воведување на единствена деловна политика на деловниот систем на сите оние активности кои делуваат на врската помеѓу производството и потрошувачката. На тој начин во современите услови на пазарното стопанство потрошувачот станува основа и насочувач на деловната политика, доколку таа ги прифаќа концепциите на маркетингот. Во овој момент не би било потребно посебно да се нагласува дека веќе досегашните искуства во примената на маркетинг концепцијата и статистичките податоци и резултати на голем број набљудувања во светот недвосмислено покажуваат дека маркетинг концепцијата, во овој момент, претставува водечка концепција на водење на деловната политика, која доколку консеквентно се спроведува, обезбедува оптимални комплексни деловни резултати. Во современите услови на работењето пазарот се посилно делува врз однесувањето на претпријатијата, затоа што само преку посредувањето на пазарот претпријатијата ќе можат да ги реализираат своите производи, а со тоа да го обновуваат и прошируваат своето производство. За постигнување на таа цел, односно за што поуспешен пласман на своите производи, претпријатијата се принудени да произведуваат само такви стоки што ќе можат да ги продаваат на пазарот, а со прифаќањето на тие стоки од платежно способните потрошувачи, се дава признание за вложениот труд на производителите. Присутноста кај потрошувачите со смислени постапки се врши преку креативните и оперативни функции на маркетингот. Креативните функции на маркетингот претставуваат делови на маркетинг - активноста со помош на кои се извршуваат креативни работи. Тие претходат на оперативните функции. Развиените и организирани креативни функции обезбедуваат стабилен растеж и развој на претпријатијата и поекономично извршување на оперативните функции. Креативни функции се викаат поради тоа што бараат повеќе инвентивна и истражувачка компонента. Потребата од прифаќањето на маркетингот се потврдува и со фактот дека, во овој момент, евидентно постојат значителен број на производни капацитети во нашата земја, а со тоа и значителни врзани средства, кои се користат со намален капацитет, со релативно незадоволителна продуктивност на трудот и чии комплетни резултати на работењето материјализирани преку пазарните успеси не би можеле да бидат окарактеризирани како апсолутно успешни. Ваквата глобална оценка има за цел да обрне внимание на извесни можности за подобрување на нашето стопанство, затоа што сметаме дека една од основните причини за ваквата состојба лежи токму во доменот на односите меѓу производството и потрошувачката, односно односи кои македонските производители ги имаат спрема своите потрошувачи. Contents note: Маркетингот во современите услови на работење; Природата и видот на истражувањата; Место и организирање на структурата на функцијата на развојот; Организирање на структурата на функцијата на развојот; Маркетинг микс; Планирање и истражување на производите; Маркетингот; Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=15458 Hold
Place a hold on this item
Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status 3702-000795 658.8 Cep-Vov 2010 General Collection Library "Max van der Stoel" Macedonian Available Маркетинг во трговијата / Хамит Алиу
Title : Маркетинг во трговијата : докторски студии - трет циклус Material Type: printed text Authors: Хамит Алиу, Dissertant ; Бошко Јаќовски, Thesis advisor Publisher: Тетово : Факултет за бизнис и економија - ЈИЕУ Publication Date: 2003 Pagination: 293 p. Layout: ill. Size: 30 cm General note: Includes bibliographical references
Includes bibliographical footnotes
Includes indexLanguages : Macedonian (mac) Original Language : Macedonian (mac) Abstract: ВОБЕД
Трговијата во сите земји се третира како посебна стопанска дејност, како гранка на националното стопанство. Во трговијата на развиените пазарни економии во тек е процесот на интензивно, структурно, организационо и деловно трансформирање. Промените се од таков интензитет, така што во основа го менуваат традиционалниот концепт на функционирањето на трговијата. Радикално се менува содржината и функцијата што трговијата ја врши во репродукцијата и во макросистемот на маркетингот. Ефектите од повеќекратните промени во трговијата се мошне големи за функционирање на севкупната пазарна економија. Мораме да прифатиме дека трговијата при крајот на 90-тата година од векот што помина, го даде основниот тон на функционирањето и развојот на пазарното стопанство. Мојата цел е преку овој труд е да ги пополнам сите празнини кои постојат во нашата научна и стручна литература од сферата на маркетингот во трговијата. Се надевам дека мојот скромен придонес ќе биде користен од страна на сите стопански субјекти во Р. Македонија, кои имаат за цел да го насочуват истражувањето за што поефикасен пазар и активно делување на трговијата, а местото на маркетингот во стопанството, а поконкретно во трговијата е доминантно. Ако во трговијата на развиените пазарни стопанства во тек е процесот на структурната, организационата и деловната трансформација, радикално се менува традиционалниот концепт на функционирање на трговијата, неминовна е примената на маркетингот во трговијата и нејзиниот процес на интензивно радикално трансформирање. При тоа постојано треба да се има предвид дека Република Македонија спаѓа во групата на земји во развој во Европа, со својата стопанска и производствена структура, која во денешните услови е неповолна, бидејќи со децении била градена врз поинакви основи и своето делување било насочено во рамките на поширокиот југословенски стопански простор како единствен пазар. Проблематиката на маркетингот во трговијата не е доволно обработена во македонската литература. Одделни трудови третираат одредени аспекти од оваа проблематика и тоа поединечно обработувајќи ја материјата од областа на имплементација на маркетингот во трговијата во трговските фирми.Record link: https://library.seeu.edu.mk/index.php?lvl=notice_display&id=18095 Copies
Barcode Call number Media type Location Section Status D6702-000004 D6702-000004 Aliu, H. 2003 General Collection Thesis Repository Doctoral Not for loan